Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ќе престојува во Њујорк, каде во името на институцијата на ЕУ со која раковиди ќе ја прими Светската награда за мир и слобода.
Церемонијата на врачување на наградата, што ја доделува Светската асоцијација на правници, ќе се одржи во седиштето на Економскиот и социјален совет на ОН.
Во образложението на Светскиот правнички конгрес се посочува дека Наградата за мир и слобода и се доделува на Европската комисија поради нејзината посветеност на „промовирање на мирот преку правото и на владеењето на правото“.
Светската награда за мир и слобода неформално се смета за еден вид „Нобелова наргада за право“ и таа претставува највисоко признание што го доделува Светската асоцијација на правници.
Меѓу досегашните добитници на оваа награда се и некогашниот британски премиер Винстон Черчил, поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела, шпанскиот крал Фелипе Шести, францускиот нобеловец и коавтори на Универзалната декларација за човекови права Рене Касин, поранешната судијка во американскиот Врховен суд, Рут Бадер Гинсбург и екс-колумбискиот претседател Иван Дуке.