Во македонската престолнина Скопје денеска почнува Светското првенство за ракометари до 19 години кое трае до 18 август.
Натпреварите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“.
Македонија е во Ц-групата заедно со репрезентациите на Данска, Јапонија, Аргентина, Нигерија и Бахреин.
„Црвено-жолтите“ првиот натпревар ќе го имаат вечер со почеток во 20:30 часот против репрезентацијата на Аргентина во СЦ „Борис Трајковски“.