Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром попладнево (15 часот) против грчкиот прволигаш Арис го игра вториот натпревар на гостувањето во Солун.
На првиот, од двата контролни дуели во Грција, кошаркарите на МЗТ Скопје синоќа загубија од од Ираклис со 62-76.
Македонскиот состав резултатски добро се држеше до самиот крај, кога пресуди заморот, откако на полувреме домаќинот водеше со минимални 37-34.
Тренерот Дарко Радуловиќ не можеше да смета на капитенот Дамјан Стојановски, кој сè уште работи под специјална програма.
Во негово отсуство, најдобри во составот на МЗТ Скопје беа Роберт Рикиќ и Дастин Вер со по 15 поени, а Адем Мекиќ постигна 14 поени.