Тренерот на премиерлигашот Манчестер јанјатед, Оле Гунар Солскјер најави дека португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо ќе биде во тимот за денешниот првенствен натпревар на „Олд Трафорд“ против Њукасл.

Роналдо на крајот од минатиот месец, во самата завршница на преодниот рок, премина од Јувентус во Јунајтед за кој од 2003 до 2009 година одигра 292 натпревари и постигна 118 голови.

Роналдо во вторникот почна да тренира со тимот и според Солскјер, напаѓачот е подготвен за својот дебитантски настап по враќањето во Манчестер.

– Ги знаеме сите негови постигнувања во кариерата, но тој дојде тука за да постигне уште повеќе и да поставува нови стандарди. Кристијано е сјајна ѕвезда на која сите можат да се угледаат и ќе биде лидер во соблекувалната, изјави Солскјер.