Бугарската влада нема причина да го смени ставот кон С. Македонија, а очекуваме да си ги исполни обврките кон Европската унија, вели бугарскиот премиер Николај Денков во интервју за „24 часа“.
Прашан дали Бугарија ќе ја промени позицијата кон Македонија Денков нагласи дека нема никаква причина за тоа и оти разговорите сега се меѓу Македонија и ЕУ.
– Категорично не и нема никаква причина да ја промениме позицијата. Со реализацијата на т.н француски предлог, како резултат на кој беше укинато ветото, разговорот, всушност, повеќе не е меѓу Бугарија и С. Македонија, туку помеѓу С. Македонија и ЕУ. Тоа што се очекува е да си ги исполнат обврските пред ЕУ. Нема никаква причина да ја смениме нашата позиција, истакна Денков.