На денот на независноста на Република Македонија, 8 Септември, веројатно во желба да се употреби „компромисно име“ на државата чија независност се чествува, без придавка, од Владата напишаа „Република Димитар Ковачевски“.

Така Македонија остана не само без придавката, туку и без именката, односно доби ново име „Република Димитар Ковачевски“.

 

– Владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Димитар Ковачевски, во чиј состав се Славјанка Петровска, министерка за одбрана, Беким Сали, министер за здравство Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, како и заменик министерот за правда Агим Нухиу, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, во алејата на великаните на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје, пишува во објавата на официјалниот профил на Фејсбук на Владата на чие чело е Ковачевски.

Никаде не се спомнува Македонија, а името на нашата држава не е ни само „Република“ ниту пак „Република Димитар Ковачевски“.

Освен тоа, ако владината делегација чествувала, зошто нема цвеќе и на гробот на првиот премиер Никола Кљусев?

(Д.Г.)