Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја предупреди Италија на последиците доколку отстапи од демократските принципи, упатувајќи закана пред изборите во кои се очекува да победи десничарскиот блок предводен од Џорџија Мелони, пренесува Ројтерс.
Коментарите ја истакнаа загриженоста во некои европски престолнини за претстојните избори и сугерираат дека односите меѓу Брисел и Рим би можеле да станат турбулентни доколку Мелони и нејзините партнери обезбедат победа.
„Мојот пристап е дека која било демократска влада е подготвена да работи со нас, ние работиме заедно“, рече фон дер Лајен на Универзитетот Принстон во Соединетите држави, одговарајќи на прашањето дали има некаква загриженост во врска со претстојните избори во Италија.
„Ако работите тргнат во тешка насока, како во Унгарија и Полска, имаме алатки“, додаде таа.
Матео Салвини, шефот на Лигата и дел од конзервативната алијанса на Мелони, ги осуди нејзините коментари како „срамна ароганција“.