Барокната владина зграда и се допаѓа на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, која само што излезе од автомобилот, ја пофали убавината на зградата.
Таа обраќајќи се кон премиерот Зоран Заев му рече дека зградата изгледа многу убаво.
Новата владина зграда е изградена од страна на Владата на Груевски, како дел до проектот Скопје 2014, а беше цел на нападите на СДСМ и шарените револуционери. Дополнително, армија новинарски загари беа вклучени во акцијата против решението за новата фасада на владината зграда. Мнпгу од нив за тоа беа платени токму со европски пари. Дер Лајен веројатно не е ни свесна како ја попари сета таа сурија егземплари кои всушност беа впрегнати во проектот за смена на името, а Скопје 2014 беше само една од алатките за тоа.
Инаку, една од првите работи што Заев ја направи откако беше инсталиран за премиер, беше да ја исече железната ограда околу Владата.