Рок ѕвездата Нил Јанг и актерката Дерил Хана тајно се венчале изминатиов викенд, а информацијата за тоа се прошири откако блуз гитаристот Марк Милер објави честитка за штотуку венчаната двојка на својот Фејсбук профил.

Инаку, Јанг (72) и неговата 25 години помлада избраничка се во врска веќе четири години. Тој претходно со сопругата Пеги беше в брак цели 36 години.

Ден по венчањето, Хана која е позната по улогите во филмовите „Блејд ранер“, „Убиј го Бил“ и „Вол Стрит“, на својот Инстаграм профил постави фотографија со коментар: „Некој нас не гледа… љубов и само љубов“, по што следеа честитки од обожавателите.

Според британски „Дејли Мирор“, двојката се венчала во градот Атаскадеро, Калифорнија, по што следела прослава на јахтата на Нил Јанг близу островот Сан Хуан