Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, за Алфа вели дека не може да се зборува за петти јули или друг термин без прочистен избирачки список и без највисокиот изборен орган да има доволно време да ги спроведе изборните дејствија.
-Мојот став е идентичен во континуитет. За изборните дејствија се потребни 35-50 дена без разлика дали збориме за 5 јули или друг термин. За 22 дена тоа е невозможно. Избирачкиот список мора од почеток да се преработи. Датумот за избори не се определува со уредба со законска сила. Тоа треба да го определи претседателот на Собранието со решение без разлика дали е резултат на лидерите на партиите. Ако пред завршувањето на вонредната состојба биде одреден датум кој за неколку дена варира од минималните 35 дена ДИК ќе се потруди да ги исполни сите задачи, но нема да може да гарантира дека се е спроведено според прописите, потенцира Деркоски