Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски за централниот дневник на Канал 5 телевизија вели дека уредба донесена на вчерашната владината седница во која се задолжуваат Министерството за внатрешни работи, Државниот завод за статистика и Државната изборна комисија да продолжат со предизборните подготовки претставува дерогира на изборниот законик, останувајќи на ставот дека на ДИК им се потребни минимум 35 дена за организирање на сите изборни дејствија.
Владата си зема за право да со уредба ги дерогира уредбите од Изборниот законик. Правната логика, но и правната пракса и правната наука вели дека кога ќе престанат условите за вонредна состојба, стапуваат на сила нормалните позитивни законски прописи, системот се враќа во нормала, изјави Дерковски.