Според информации од терен при гласањето на болните и изнемоштени лица во Делчево, во избирачкото место 573 се случила изборна нерегуларност, пишува Курир. Од вкупно 10 лица кои гласале во во избирачката кутија се нашле 13 ливчиња.

Според Курир избирачкиот одбор кој по процедура одел од куќа на куќа по поминувањето на 10 куќи, отишле на 11, при што утврдиле дека лицето нема валидна лична карта, по што не му дозволиле да гласа и се упатиле накај 12 – тиот, по пат, избирачакиот одбор забележува дека им недостасуваат 2 гласачки ливчиња, по неколку минутна забуна кога ја отвориле кутијата во неа ги забележале сите 12 ливчиња, иако гласале само 10 лица.

Избирачкиот одбор по ваквата ситуација се враќа во ДИК, по што зема уште едно ливче и се упатува накај 12 – тиот гласач, по што истиот гласа и го ставаат ливчето во кутијата, по што со гласани 11 лица на крај имало 13 ливчиња во кутија.