Министерот за надворешни работи на Македонија повторно го оспорува избирачкиот список…..
Да прашам кој е на власт и кој требаше да превземе акција за чистење на истиот? Можеби ќе ви текне и дека економијата ви е 0% па ќе побарате одговорност од некој, можеби од некој министер?
Што вика МОСТ, нивниот набљудувач во Сарај имал катаракта?
Дефинитивно ни треба средно школо за политичари. Не може на нива да се научи се’.
Скокнаа сите квази интелектуалци да го обвинат народот, да ве подсетам дури ни дон Бранко не крена прст кон народот туку кажа народот е во право и кога греши, но да се вратиме на референдумот и превземање одговорност:
Сакате да менувате делови од истиот, а сте учествувале во негово пишување (Фрч, Шкарич)
Грција влезе во преговори со 60 експерти ние со принц од Муртино3. Ерга омнес ви дозволи некој?
Насилничко го донесовте прашањето без договор со опозицијата
Прашањето го објавивте од Грчка телевизија
Наместо да го објасните договорот вие објаснувавте за азното кое ќе дојде од Европа
Не го разделивте договорот
Рада ја пуштивте да објаснува, нема Македонец кој не е алергичен на неа
Направивте консултативен референдум што од почеток значеше дека нема да го почитувате зборот на народот
Рада ја пуштивте на кампања бе…….
Фашистите кога имаат криза на идентитетот, сакаат да се пишуваат како демократи.
Геро и компанија го распнаа по колумни нивниот градоначелник на Центар зошто туристички патувал во Москва. Русија, викаат ,не била подобна дестинација во овој период.
Нормално, мукла од демокративе. Во нивниот светоглед е нормално и демократски да ти кажуваат каде смееш да идеш. Затоа сме различни светови. И благодарен сум заради тоа.
Дејан Џексон Трајкоски
Од изреката “Шо е мое ќе си дојде” само сметките ми идат редовно.
Овој и Далај Лама…тие се моментално.
Данев изјавил дека не чувствувал никаков притисок околу референдумот а на последниот состанок на Извршниот кога се носеше ставот на партијата тој за малку ќе заплачеше дека бил под притисок. Што значи, во јавност и си ги брани СДСМ.
Да ги прекомандуваат овие од комисијата од Центар Жупа во комисија за попис, за едно сабајле, со се пауза за бурек, ќе ја попишат цела држава. Кина бе ќе ја средат за еден продолжен викенд само ако ги фатат будалите.
Изгледа Отец Химен по налог на Црпко благослов удрил.
Батачиња држете се!