Првични информации од вчерашниот состанок на ИК на ВМРО-ДПМНЕ соопштени на јавноста од потпретседателот на партијата, Александар Николоски:

Договорот од Преспа е политички мртов и е мртва буква на хартија;

Барање за разрешување на ЈО и избор на нов на предлог на опозицијата затоа што замижува на сите нерегуларности поврзани со референдумот

Доколку Заев има намера да распише избори, потребно е да сепочитува ИЗ и формирање на техничка влада 100 дена пред изборите

Формирани Републички и градски изборен штаб.

Покрај ова, на социјалните мрежи веќе кружат информации за отстранување од ИК на Петар Богојевски, еден од т.н. реформатори, но Николоски за ова не соопшти ништо, па допрва се очекува потврда на информацијата