Повеќе од 10 лица загинале додека пет лица се спасени откако во реката Волга, во близина на Волгоград, во понеделникот се судриле брод-шлепер и катамаран, соопшти регионалата администрација.
-Според најновите информации, пет луѓе се спасени-рече за Тас претставник на админстрацијата.
Бројот на загинати е поголем од десет, и рече на агенцијата неименува извор од регионалната служба за вонредни состојби.
Операцијата на спасување продолжува.
На двете пловила официјално се наоѓале 16 луѓе.