Министерката за правда, Рената Дескоска, не учествува на маршот „Чекориме за правда“ што денеска околу 18 часот почна пред Собранието, а го организира СДСМ.
– Ги поддржуваме граѓаните во нивните барања за враќање на довербата во правосудството, но заради почитување на принципите на немешање во судската власт, Ве информираме дека министерката за правда нема да учествува на денешниот марш – информирааа од Министерството за правда.