Се трага по лице на возраст од 59 години. Од полицијата ги објавија и идентитетите на загинатите во несреќата – три женски лица – Н.А. (23), В.А. (25) и З.А. (59), од село Грчец

Два дрона се вклучени во потрагата на лицето што учествуваше во вчерашната сообраќајна несреќа кај село Рашче кога автомобил излета од патот и падна во Вардар. По него, како што информираат од Министерството за внатешни работи (МВР), физички трагаат и екипи на СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции.

-Се трага по А.А. (56) од с.Грчец, скопско, кој според исказ на роднини, бил во возилото пред да излета од патот,
информираат од МВР.

Од полицијата ги објавија и идентитетите на загинатите во несреќата – три женски лица – Н.А. (23), В.А. (25) и З.А. (59), сите од село Грчец. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

-По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција. Во несреќата со телесни повреди се здобило четиригодишно дете-сопатник, констатирани во Градската општа болница ‘8 Септември’, велат од МВР.

На 02.01.2025 околу 16 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на локален пат Сарај-с.Рашче, патничко возило излетало од патот и паднало во реката Вардар. Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници, Итната медицинска помош и јавен обвинител.

Околу 21 часот полициски службеници од САЕ Тигар од водите на реката Вардар го извадиле возилото „ауди“ со скопски регистерски таблички, во кое биле пронајдени три починати женски лица Н.А.(23), В.А.(25) и З.А.(59) сите од с.Грчец, скопско.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција.

Во несреќата со телесни повреди се здобило четиригодишно дете-сопатник, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“, а се трага по А.А.(56) од с.Грчец,скопско, кој според исказ на роднини, бил во возилото пред да излета од патот.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а екипи на СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции со физичко пребарување и пребарување со два дрона од страна на САЕ Тигар и Единицата за брзо распоредување преземаат мерки и активности за пронаоѓање на лицето.