Хотелот во кој се наоѓа Новак Ѓоковиќ е дом за многу лица кои бараат азил. Белградско Б 92 ја пренесува приказната на Иранецот, Мехди. Еве што пишува Б 92:
Сега се огласи и еден од жителите на оваа институција, Иранецот Мехди. Името е непознато, но неговата приказна е шокантна. Тој вели дека девет години е во овој хорор. „Овде поминав девет родендени, дојдов на 15 години, сега имам 24 и се уште сум тука. Секој ден барам начин даго исполнам, морам да преживеам. Ако успеам да заспијам, се трудам да спијам што е можно подолго, инаку излегувам на цигара, гледам филм, читам книга… Ако не најдам што да правам, тогаш само лежам во креветот“, рекол Мехди.
Наместо азил во Мелбурн, тој добил недостеоен третман од Австралијците. По укинувањето на визата, сега таму е и Новак Ѓоковиќ, кој е на еден спрат под Иранецот. Двајцата не можат да се видат поради полицијата.
„Разочаран сум, затоа што сите сакаат да ме прашаат нешто за Новак, прашуваат за хотелот поради него, а никој не прашува за нас. Некои од нас се затворени овде со месеци и години. Никогаш не сум видел толку многу камери и толку многу внимание. Новак ќе научи многу за нашата ситуација и ќе зборува за тоа јавно“, рекол Мехди.
Во младоста сонувал да дојде во Австралија и таму да најде засолниште со брод, но наместо тоа, бил затворен во хотелот, иако никогаш не бил осуден за кривично дело. Тој откри уште еден срам на Австралија, кој не престанува да шокира.
„Тажен сум што вака ми поминаа тинејџерските денови. Не сакам да заминам одовде како средовечен човек со изгубени години. Гледам млади луѓе како се забавуваат, објавуваат разни работи на социјалните мрежи, а јас сум толку далеку од тоа. Се уште сум тука, секој ден. Мојот роденден е најтажниот ден во годината, мислам само за изгубеното време. Ништо ново не се случува со мојот статус, нема нови информации, рокови или гаранции. Многу други беа ослободени одамна, само јас уште. „Зошто?“, запрашал Мехди.