Девојче на возраст од 3,5 години е првата жртва на грипот во Босна и Херцеговина, јавија локални медиуми.
Директорката на Здравствениот дом во Зеница, Селведина Сарајиќ Спахиќ потврди за Дневни аваз дека девојчето починало по компликации предизвикани од грип. Тоа имало и тешка мусклулна дистрофија.
Девојчето живеело со самохрана мајка во селото Ораховац во близина на Зеница.
Во БиХ има зголемен број заболени од грип, но во државата не е прогласена епидемија.Главни причинители на сезонскиот грип оваа година во БиХ се вирусите тип А – H1N1 и H3N2.