Настанот се случил во Сплит, а девојчето му оставило порака на возачот, но тој мислел дека станува збор за детска шега.
Девојчето има 11 година и ја снимило змијата во моментот кога влегувала во автомобилот. Таа го шетала кучето, а бидејќи е љубител на животни, кога ја видела змијата не се уплашила, туку ја снимила со телефонот. Змијата била на тротоар, а потоа решила да прошета. Се качила на автомобилот и влегла внатре.
Девојчето му напишало порака на возачот, кој не ја сфатил сериозно. Подоцна, кога змијата била фатена, било утврдено деа станува збор за безопасна белоушка.
Снимките и видеото снимени од девојчето се објавени на Индекс.хр