Женскиот македонски фудбалски шампионат почна со 14 екипи, а во првото коло сите беа расположени за голови и беа постигнати вкупно 56 погодоци, објави спортскиот портал Гол.
Најубедливо славеше првакот Каменица Саса, кој постигна 15 гола во Кочани (15:0). Најмногу голови на мечот даде Ана Димитровска која стрелаше седум пати, Нацева реализира пет, додека Андреевска, Талевска и Маринковска погодија по еднаш.
По десет гола во противничките мрежи дадоа Топ Гол и Истатов, а со победа новата сезона ја отвори и Тиверија Струмица која со 1:3 беше подобра од Скопје 2014. Головите за струмичанки ги постигнаа Димоска, Николовска и Велкова С.
На останатите натпревари Деспина Прилеп даде девет гола кај Плачковица (1:9), АС Јунајтед минимално беше подобар од Шкендија (1:0), додека единствен меч без победник беше меѓу Шкупи и Борец (3:3).