Првата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на Градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши во сабота (11 мај), во раните утрински часови.
– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, , информираат од Град Скопје.
Оттаму апелираат до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.