Италијанскиот вицепремиер Луиџи Ди Мајо изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон се однесува како „навредено величество“.
Тој за агенцијата Блумберг изјави дека неговиот состанок со претседателот на движењето Жолти елеци, Макрон го набљудува низ призмата на законот „лез мажесте“, односно „навреда на величеството“.
Ди Мајо истакнува дека состанокот со групата која би требало да се кандидира на изборите за Европскиот парламент бил целосно легитимен.
– Жал ми е што тоа Макрон го доживеал како навреда на величествениот. Нормално е политичката сила која не ги дели идеите со неговата партија да се состане со друга сила која ќе се кандидира на евроизборите, изјави Ди Мајо за Блумберг.
Агенцијата потсетува дека дипломатските односи меѓу Франција и Италија паднаа на ниско ниво откако официјален Париз го отповика својот амбасадор од Рим.
Како причина за тоа во Париз наведоа дека Ди Мајо се мешал во внатрешните работи на Франција.