Американскиот државен секретар Мајк Помпео утре ќе допатува во повеќедневна посета на Централна Европа.

Како што пренесуваат светските агенции, на врвот на неговата агенда е зголеменото влијание на Кина и Русија во тој регион.

Според американски официјални претставници, Помпео за оваа проблематика ќе разговара со лидерите на Унгарија и Словачка, во понеделник и вторник, на кои ќе им укаже на значењето за потиснување на напорите Кина и Русија да ги оддалечат овие земји од Запад.

Како што се очекува, Помпео ќе разговара и за потпирањето на Централна Европа на руските енергенси, како и за присуството на кинеската високотехнолошка фирма „Хуавеј“.

Освен Словачка и Унгарија, Помпео ќе ги посети и Полска, Белгија и Исланд.