Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров е избран во идеалниот тим на 3. коло во Лигата на шампионите.
Русинот постигна пет гола на саботното гостување кај Веспрем (27:25) и беше еден од најзабележителните во составот на „црвено-црните”.
Покрај него ЕХФ во идеалниот тим на колото ги смести и:
голман – Родриго Коралес (ПСЖ),
лев бек – Николај Маркусен (Силкеборг),
среден бек – Јака Малуш (Цеље),
десен бек – Алекс Душебаев (Киелце),
десно крило – Марио Шоштариќ (ПИК Сегед)
пивотмен – Лука Карабатиќ (ПСЖ)