Леброн Џејмс имаше неуспешно деби во дресот на Лос Анџелес Лејкерс, откако неговиот нов клуб загуби од Денвер Нагетс со 124:107.

На подготвителниот дуел одигран во Сан Диего, Леброн забележа девет поени надополнети со по три скока и исто толку асистенции.

Покрој овој натпревар ноќеска се одиграа уште три подготвителни меѓу НБА лигашите:

Сан Антонио – Мајами 104:100,

Бостон Селтикс – Шарлот 115:112 и

Чикаго – Њу Орлеанс 128:116.