Барселона и Атлетик Билбао одиграа нерешено 1:1 во дуел од 7-то коло на шпанската Ла Лига, одигран на стадионот „Камп Ноу“.

Тренерот на каталонците, Ернесто Валверде повторно се потпре на нестандарден состав, оставајќи ја суперѕвездата Лионел Меси на клупата и се обложи на Кутињо, Луис Суарез и Усман Дембеле во нападот. Играта на тимот не се развиваше добро и баскијците поведоа преку Оскар де Маркос на крајот од првото полувреме.

Во вториот дел домаќините го кренаа темпото и стратегот ја пушти во игра аргентинската ѕвезда. Ова доведе до две греди за каталонците, а во последните минути на средбата Мунир Ел Хадади успеа да постигне погодок.

На тој начин, Барса нема победа во три последователни натпревари во лигата, но успеа да избега со бод пред конкурентот Реал Мадрид.

Вечерва, пак, „белиот балет“ има можност да застане на чело на Ла Лига, ако го победи Атлетико Мадрид во градкото дерби.