Селекторот на Франција, Дидие Дешам ја доби наградата на ФИФА за најдобар тренер на сезоната.
Дидие Дешам ја предводеше Франција до титулата Светски шампион на Мундијалот во Русија. Овој голем успех беше пресуден тој да ја добие наградата на ФИФА за најдобар тренер.
Во конкренција за наградата беа и селекторот на Хрватска, Далиќ, како и Зидан кој трет пат по ред на Реал Мадрид му ја донесе титулата во Лигата на шампионите.