Нутриционистите велат дека природниот, домашен мед е одличен за здравјето. Со редовно конзумирање, за три дена може да намалите 2-3 килограми.

Прв ден

Појадок : 2 жолчки измешани со 1 лажица мед. Потоа испијте чај со лимон или кафе без шеќер.

Ручек: 100 гр. сирење, 50 гр. варен морков, 50 гр. варена брокула и 50 гр. варен карфиол. Сето ова ставете го во блендер и направете смути. Освен тоа можете да испиете чај или кафе со 1 лажичка мед.

Вечера: бистра супа од зеленчук, едно парче интегрален леб и 1 јаболко/портокал или круша со 1 лажица мед.

Пред спиење испијте чај со лимон.

Втор ден

Појадок: ист како и првиот ден

Ручек: направете крем од 1 меко готвено јајце, 1 лажица мед и 100 гр. младо сирење. Потоа испијте чај со лимон или шолја кафе.

Вечера: 150 гр. риба или пилешко филе, мала чинија салата од зеленчук и чај со лимон.

Трет ден

Појадок: исто како првиот ден + 1 јаболко

Ручек: 60 гр. сирење, парче интегрален леб и чинија свеж зеленчук со лимонов сок.

Вечера: 300 гр. варен зеленчук, једно меко варено јајце и шолја чај со мед