Косовскиот претседател Хашим Тачи најави дека дијалогот во Брисел за нормализиррање на односите меѓу Косово и Србија ќе продолжи во првата половина на септември, јави МИА од Приштина.

Во изјава за приштинскиот весник „Епока е ре“ Тачи вели дека се уште не е прецизирано за што ќе разговара со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Косовскиот претседател повторно ги повика опозициските партии да се приклучат на неговиот преговарачки тим и да дадат придонес за постигнување конечен договор за нормализација на односите со Србија.