Државната изборна комисија на денешната седница ќе го разгледа и усвои Извештајот на ДИК за преземените работи согласно член 153-а од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот од мандатот за пратеник во Собранието на Република Македонија, по известувањето од претседателот на Собранието за престанок на мандатот на пратеникот Невенка Стаменковска Стојковски.
На дневен ред е и Предлог решението за внатрешна распределба на вкупниот одобрен буџет за 2020 година во Државната изборна комисија, како и разгледувањето и усвојувањето на годишниот план за потреби од јавни набавки во 2020 година по програма 20 – Државна изборна комисија и 21 – Изборни активности.
Членовите на ДИК ќе ги разгледаат и дописите до МВР, МИОА, Управа за извршување на санкции и основни судови за достава на податоци за спроведување на референдум на локално ниво во Дојран, што ќе се одржи на 2 февруари годинава.