Излезеноста на локалните избори до 13:00 часот е 20,12 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Како што информира портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, до 13:00 часот се пристгнати податоци од 3 207 избирачки места. Вкупниот број запишани избирачи од кои се пристиганти податоците е 1 666 298, а од нив гласале 335 244.
Процентот на избирачки места од кои се пристигнати овие податоци е 92,31.
-Најголема излезеност има во Богданци 27,31 отсто, Вевчани 33,76, Градско 26,01, Дебарца 28,42, Демир Капија 29,25, Дојран 30,74, Кратово 30,01, Крива Паланка 32,42, Лозово 31,86, Новаци 36,52, Ранковци 32,07 и Чашка 40,74 отсто, додека најмала излезеност е регистрирана во Босилово 12,96 отсто, Врапчиште 7,23, Гази Баба 18,97, Гостивар 11,66, Дебар 13,87, Желино 17,19, Јегуновце 17,50, Маворово и Ростуше 14,45, Пласница 18,88, Радовиш 17.97, Струга 16 и Шуто Оризари 13,76 проценти, информира Тодоровска Алексовска на прес-конференција.