Ниту сме побарале одложување на парламентарните избори, ниту имаме право на тоа, велат од Државната изборна комисија.
– Во врска со објавите и насловите на прилозите на некои од медиумите од денешната седница, Државната изборна комисија појаснува дека не одлучувала, не побарала и не препорачала одложување на изборите, ниту има право на тоа. Напротив, Комисијата истакна дека работи според Законот и Роковникот и навремено ги презема сите дејствија во насока на организација на изборите и дека ќе се прилагоди и ќе ја почитува секоја одлука на надлежните институции во врска со актуелната ситуација, се вели во појаснувањето од ДИК.
Претходно денеска од ДИК беше објавено:
– Државната изборна комисија пред утрешниот состанок на Советот за безбедност свикан кај претседателот Стево Пендаровски во врска со ширењето на коронавирусот побара од државниот врв да ја преиспита одлуката за одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април.