Претседателот на Државната комисија, Александар Даштевски денеска оддржа прес конференција на која ги соопшти резултатите од првиот круг на овие локални избори.
Тој официјално кажа дека Александар Стојковски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за општина Ѓорче Петров ја понесува победата во оваа скопска општина со голема предност пред Наумоски и другите кандидати.
– Со 9 215 гласа Александар Стојковски е новиот градоначалник на општина Ѓорче Петров – соопшти претседателот на државната изборна комисија, Александар Даштевски на вечерашната прес-конференција.