Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска во Собранието го повика пратеникот Фатмир Битиќи надвор од собраниската говорница да повтори дека повратот на ДДВ се исплаќал по партиска линија, за да може да го тужи.
-Многу е лесно да се лаже и манипулира со пратенички имунитет. Храбар и сигурен, се врати два пати на говорницата, те повикувам истото да го повториш и надвор од Собранието, му порача министерката на Битиќи.