Во континуитет кај нас ситуацијата во економијата е страшно лоша и тоа не е резултат само на една работа. Ако седнете и разговарате зошто нема странски инвестиции во Македонија ќе се слушне дека не се прима секого да влезе во државата само оние кои ќе дадат високи плати што е смешно и неприфатливо бидејќи кај странските инвестиции нема ниски плати напротив имаат добри плати во тие компании“, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.
Таа додаде дека едноставно желбата за инвестирање на странците во Македонија избледува и ја нема. Tоа е така затоа што имаме комплетно непредвидливо економско опкружување.
„Владата е крива за се што ни се случува. Постојано зборуваат колку ние имаме сега странски инвестиции во државата, а при тоа не зборуваат дека најголем дел од тие инвестиции се во суштина на постоечки компании кои од друг период се отворени и донесени тука“, кажа Димитриеска Кочоска.
Таа е децидна дека власта лута во енергетиката и не знае кој правец да го фати од аспект на стратегија
Димитриеска Кочоска потенцираше дека во 230 милиони дадени на ЕСМ, 97 милиони евра власта ги исплатила како капитални расходи.
Таа додаде дека кога ВМРО-ДПМНЕ управувало со ЕЛЕМ сегашно ЕСМ не им оставиле никакви долгови, туку сега власта ќе остави долгови.
„Ние им оставивме 25 милиони евра пари на депозити, 8 милиони евра на сметка и долговите беа нула и ЕЛЕМ беше првата компанија тогаш која немаше никаков доспеан долг“, рече Димитриеска Кочоска.
Димитриеска Кочоска истакна дека се оди од грешка во грешка и основни грешки се прават, тоа секогаш ќе е така додека нема да има одговорност.
„ЕСМ прокнижила 46 милиони евра профит, а кога ова не би било прокнижено и би стоело капитал тогаш ЕСМ ќе имаше околу 50 милиони евра загуба. Во исто време кога ЕСМ го книжи приходот Министерството за финансии треба да направи корекција на капиталните инвестиции и да каже дека не се 466 милиони туку 366 милиони затоа што за околу 100 милиони тоа што е кажано дека е инвестиција, не е инвестиција. До овој момент корекција во министерство за финансии нема“, децидна е Димитриеска Кочоска.