За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра, а само во период од последните 4 години од нивното владеење 3,3 милијарди евра што покажуваат податоците за движење на јавниот долг по години од 2017 наваму, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во одговор на пратеничко прашање на собраниска седница.
При тоа истакна дека во континуитет претходната Влада се повикува дека 2 милијарди биле искористениза антикризни мерки, иако Државниот завод за ревизија објави дека само 400 милиони евра се потрошени за антикризни мерки.
„Кога станува збор за јавен долг имате најмалку право да збоурвате кој го зголемил долгот за 3,3 милијарди и тоа е факт којшто ќе ѕвони уште 30 години“, рече министерката.