Задолжувањето де факто треба да биде потреба за да се исфинансира одреден проект, вие нели како дома, но ако почнете да купувате леб на кредит, тогаш вие дефинитивно целите кон некаков банкрот, вели Гордана Димитриеска Кочоска.
-Ако вие ги земате кредит, вие можете да земете кредит во некој момент ако имате проблем со ликвидност за да го надминете, меѓутоа тоа треба да е краткорочно и да има причина зошто се случува тоа. Како и да е на подолг период целта треба да биде да земаме кредити за да покриваме одредени инвестиции, е сега кај нас поготово последниве години ова што се случува државата зема кредити за леб, е тоа е најстрашниот проблем, рече Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во радио „Лидер“.
Таа додаде дека на пример ЈП за државни патишта од свои пари не може ништо да направи да инвестира во некој пат, туку тоа може единствено да го направи ако зеде кредит, а во последниот период според податоците може да се увиди ситуацијата во ова претпријатие станува се покритично.
-Дали се сеќавате на автопатот Демир Капија – Смоквица? Тој пат беше направен, но колку време чекавме да биде пуштен, па и со оние чочеци фамозни и така натаму, и го пуштија. Меѓутоа колку време немаше патарини? За после тоа да се свестат што направија, па ставија некои цени, и сега слушам за да се отиде до Гевгелија и да се вратиш назад чини околу 720 денари и тоа само трошок за патарини. Тоа не може така, тоа што го изгубивте година дена како приход, сега да го надокнадувате, рече Димитриеска Кочоска.
Димитриеска Кочоска посочи дека за автопатот Демир Капија – Смоквица се има задоцнување временско и изгубен приход кој што никој не може д го врати назад.
-Што се случува со автопатот Кичево – Охрид? Парите, обврските кон кредитите почнаа, треба да се сервисираат, не сме веќе геј период. А, вие знаете дека грејс период се дава од страна на банката за да се изгради проектот, да се застане на нозе и да почне со приходи. Пазете сега, милиони и милиони евра, и слушаме за нови и нови анекси кои следуваат, а тоа се пари кои што не генерираат приход и со тоа ние имаме проблем. Зошто е битно кога велиме задолжување за инвестиции? Меѓутоа за инвестиции за кои што ќе ги потрошите парите, ќе ги активирате после тој грејс период. Ако сме проектирале за четири или пет години, независно, ќе го изградиме тој пат, на кој што треба после тоа да ставиме патарини и да имаме генерирање на приходи, ние сега тоа не го правиме за 4 или 5 години туку за 10 години. Е ова е страшното што власта го прави, нагласи Димитриеска Кочоска.
Таа посочи дека власта за овие неколку години што е на власт секој еден проект го промаши.