Се соочивме со најголемиот проблем, за многумина нерешлив, се вложивме целосно и мислејќи на идните генерации, пред две години покажавме дека чудата се возможни, изјави министерот Никола Димитров.
– Зборовите на медијаторот, Метју Нимиц, „по Преспа никој не може да спори дека во С. Македонија живеат Македонци, кои говорат македонски јазик” се најдобар доказ за исполнувањето на нашата мисија, рече Димитров во изјава за МИА по повод две годишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.
Во место Нивици на грчката страна на Преспанското Езеро точно пред две година Димитров и неговиот поранешниот грчки колега Никос Коѕијас ги ставија своите потписи на Преспанскиот договор.
Димитров денеска во присуство на премиерот Оливер Спасовски и министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми по тој повод ќе го посетат Преспанскиот регион.
-Го избравме правиот пат, што за само две години ни го донесе членството во НАТО и пристапните преговори со ЕУ. Конечно се ослободивме од навредливата придавка „бивша” или „поранешна” и го финализиравме процесот и државната лична карта во светското семејство на ОН, вели Димитров.
Истовремено, додава тој, со соседна Грција започнавме да градиме блискост, пријателство и сојузништво, нешто што е толку логично и природно меѓу соседи, а сепак незамисливо до неодамна.
-Пред нас се клучни избори и нов крстопат: назад кон слепата улица или напред по вистинскиот пат кон стабилна, европска и просперитетна иднина, порача Димитров во изјавата за МИА по повод две годишнината од Преспа.
Низ целиот целиот процес на постигнување на компромисот, а и по потпишувањето Димитров и Коѕијас се обидуваа да покажат дека тоа што е договорено е од корист за двете држави. Тиеа беа архитеките на Договорот, ги усогласуваа ставовите, особено откако преговорите се подигнаа на ниво на шефови на дипломатии.
„Чудото“ за кое говори министерот Димитров е потпишувањето на капитулантскиот договор со Грција за смена на уставното име на Република Македонија, без референдум, а за што претходно неговиот татко Димитар Димитров испрати најцрна клетва за тој што ќе потпише договор за смена на името на Македонија.