Позицијата на Европаката комисија е многу јасна, од самиот почеток ЕК е многу заинтересирана да види одржување на меѓувладината конференција со вашата земја, како и со Република Албанија, која, всушност, значи почнување преговори со Македонија и Албанија, колку што е можно поскоро. Од друга страна, процесот нс проширување се заснова на заслуги, а мислам дека и двете земји имаат направено многу во контекст на тој процес. Меѓутоа, сега е време да се оди напред, да се прави напредок, изјави евроамбасадот Дејвид Гир на заедничка прес-конференција со вицепремиеерот за европски прашања Никола Димитров.
Димитров очекува ставот на Европската комисија да го слушнат утре во Брисел од претседателката Урсула фон дер Лејен со која средба ќе има премиерот Зоран Заев.
– Очигледно е дека огромно мнозинство земји членки сакаат годинава што е можно побрзо да поченеме прговори и ние, и нашите соседи во Тирана. Моето разбирање е дека тоа е ставот и на ЕК, која впрочем тоа и го препорача во својот извештај и пакет за проширување од октомври минатата година. Тоа е нашата цел и на таа цел работиме заедно. С. Македонија ги исполни сите услови и се што требаше да стори на линија на европските принципи. Почетокот на преговорите е апсолутно заслужена работа и поради три нешта – изгубеното време години и генерации, очигледниот прогрес во изминатите години и покажанаото лидерство во реашавње тешки прашања, мислам дека македонската приказна е тест дали на ЕУ можеме да и веруваме во однос на целиот Балкан, рече Димитров.
Во однос на спорот од Бугарија, евроамбасадарот Гир одговори на прашање дека за тоа двете земји треба да се договорат да дојде до заемно прифатливо решение.
-Европаката унија ги охрабрува и двете страни да дојде до заемно прифатливо решение. Што се однесува на прашањето на одвојување на С. Македонија од Албанија, тоа бешпе покренато при посетата на комесарот Вархеји. Тој повторно рече дека Европската комија работи на тоа да се закаже меѓувладина конференција со двете земји – со С. Македонија и Албанија. Меѓутоа, тој рече дека се уште не сме дојдени до таму и до тој момент. Се разбира, одвојувањето е исто така прашање со кое треба да се занимава Европскиоот совет на ЕУ. И, се разбира, тука се и 27-те земји членки кои го адресираат тоа прашање, изјави Гир.
За очекувањата од Бугарија, вцепремиерот Димитров одговори дека новите избори и техничка влада таму се реален политички контекст кој е предизвик и дека е јасно, како што рече, дека „ниту ние, ниту ЕУ во регионот, нашите соседи и оние што се членки во Унијата, имаме луксуз да чекаме повеќе“.
– Многу време помина, мислам дека има голем проблем со европската перспектива во многу земји. Има и други избори – кај нас има локални во есен, во Бугарија има претседателски во ноември. Но, без разлика на предизвиците, мора да се видиме и сосем да ја свртиме динамиката. Тоа ќе биде добро за нас. Ќе биде добро со Софија да се вратиме на колосекот на партнество и пријателство и тоа, исто така, ќе биде многу добро за Европската Унија. Во последниве години малку светли точки имаме на Балканот. Од С. Македонија доаѓа надеж и токму затоа, одлуките што ќе се прекршат околу нас ќе имаат рефлексија врз целиот регион на Западен Балкан. Наше е да најдеме начин, согласно европските принципи, да излеземе, на некој начин, од овој многу штетен ќор-сокак годинава, рече Димитров.