Минатата година, честитајќи го 8 март, напишав дека жените се поубавиот, похрабриот и попаментиот пол. Иако звучи убаво, па можеби и точно, мислам дека ја имав згрешено поентата, порача денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
– 8 март е Ден на борбата за еднакви права меѓу жените и мажите, борба против дискриминацијата врз жените во сите сфери на животот. Борба што се’ уште трае. За еднаквост, за почит, честит 8 март, порача Димитров преку Фејсбук.
Но, не треба да се очајува поради грешната поента. Таква беше лани годината. Димитров ја утна и поентата за „датумот од ЕУ“, и во авионот и долго време по слетувањето од Брисел со останатите во екипата која во 2019-та ја „внесоа Македонија во ЕУ“.
(Д.Г.)