Грчката министерка за надворешни работи Сиа Анагностополу по средбите во Скопје му е благодарна на својот македонски колега Никола Димитров кој изјавил дека јазикот во “неговата земја нема ништо заедничко со јазикот на грчките Македонци”.

Во изјава за грчката државна новинска агенција министерката по посетата на Македонија над сите други изјави ја потенцира изјавата на Димитров според која тој разјаснил дека согласно членот 7 и духот на Преспанскиот договор македонскиот јазик кој го говорат граѓаните на Македонија и неговите дијалекти немаат никаква врска со идиомите што ги говорат грчките Македонци.

Ние ја поздравуваме изјавата на Димитров затоа што таа става крај на било каков страв за непостоечки проблеми кои би се создале од јазикот кој ние го признавме пред децении, вели грчката министерка.
Потеклото на министерот Димитров е од Егејска Македонија каде стотина илјади луѓе говорат македонски јазик кој што Грција одбива да го признае, исто како и македонското малцинство кое Атина го нарекува словенско но одбива да му даде било какви права.

Македонскиот јазик за кој Атина вели дека е идиом на грчкиот јазик а кој е речиси идентичен со македонскиот јазик со изјавата на Димитров веќе не е признаен ниту од владата во Македонија.