Ако ЕУ дозволи македонскиот јазик да биде пречка, на патот на нашата евроинтеграција, тогаш нема да ја заслужи придавката во своето име „европска“ и не знам дали ќе можеме да веруваме во таква Европска унија, изјави денеска во Прилеп, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.
-Мислам дека е неевропски, предизвик на македонкиот јазик да стане пречка на нашатра европска иднина и интеграција. Ако ЕУ дозволи на некој начин ова да биде пречка, тогаш нема да ја заслужи придавката во своето име „европска“ и не знам дали ќе можеме да веруваме во таква Европска унија. Мора мудрост и почит, нема пријателство без взаемна почит. Сите што сакаат македонскиот народ да му бидат блиски и пријатели мора да не прифатат кои сме и каков јазик зборуваме, а ние зборуваме македонски јазик.Без елементарна почит не може да се развива блискост или пријателство Никој друг на светот, ниту една друга држава, соседнака или подалечна, нема право да се меша во нашето право на самоопредлување, изјави Димитров која ја предводеше владината делегација која положи цвеќе на Могилата на непобедените во Прилеп.
Тој на својот ФБ статус по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, објави дека борбата за „светата народна слобода” против најцрната страница од историјата – фашизмот, е една од најзначајните борби на нашите претци на кои денес им положивме цвеќе.
– Ни оставија држава во аманет. Првата цел на нашата борба како илинденски и асномски наследници, беше да ја зацврстиме и обезбедиме државата преку членството во НАТО. Таа работа ја завршивме. Сега треба да „строиме живот, слобода, иднина за жени, деца, старци, младинци”, сега треба европскиот начин на живот да го донесеме дома, во нашата Македонија, во Република Северна Македонија. За да имаме просперитетна држава и силна економија, со добри работни места и плати, со правда за сите, со европско образование и здравство, со чиста животна средина. Нека ни е честит и вековит 11 Октомври, Денот на народното востание, вечна слава на паднатите борци, порача Димитров од Прилеп, градот херој.