Според „преговарачот“ во бугарскиот дел од „Комисија за историски и образовни прашања“, македонскиот идентитет „бил производ на Белград и Москва, на некаква си (измислена во главите на бугарските шовинисти) стара српска доктрина на Стојан Новаковиќ и уште понекаква си нејзина последователна модификација од страна на Коминтерната.

На ова, граѓаните на социјалните мрежи кусо му одговорија: „Ако ние демек сме неосвестени Бугари, тогаш вие сте Татари. Точка“.

Димитров за книгата со национал-шовинизам и бугарски романтизам вели дека се работело за анализа на модерноста во која се обработува прашања од големо значење за иднината и за добрососедските односи меѓу двете земји.

„Република С Македонија (многу милува да го употребува тоа на С, нон-стоп во книгата) не може да избега од југословенската орбита во која е создадена. Тешко е да се излезе од ова наследство и тоа важи и за политичката класа“, рече бугарскиот ретрогаден историчар кој излегува од светските историски рамки и ја промовира само и само бугарската, еднострана слика.

Новата книга на Димитров е продолжение на „Република Македонија меѓу Југославија и национализмот“, објавена во 2011 година. Македонија му е омилена тема на Бугаринот.

Граѓаните на социјалните мрежи се целосно согласни околу едно. Освен околу фактот дека по ова преговорите мора под итно да се прекинат, тие едногласно констатираат: „Овој е гарант преобратен Македонец, јаничар…“

Ивор: Курир