Уверени сме дека Франција ќе препознае дека нашата жед и работа за создавање стабилна и просперитетна европска демократија дома, целосно се совпаѓа со визијата и напорите на претседателот (Емануел) Макрон за силна, стабилна и просперитетна Европа, објави пред малку министерот за надворешни работи Никола Димитров.
– Важна и навремена средба со државната секретарка за Европа на Франција, Амели де Моншален, објави Димитров на Фејсбук и фотографија со која се заедно со вицепремиерот Бујар Османи.