Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров попладнево преку Фејсбук му го честиташе изборот на Стево Пендаровски, кој откако изгуби на претходните избори од сегашниот претседател Ѓорге Иванов, повторно ќе си ја проба среќата за шеф на државата.

Пендаровски денеска беше изгласан од делегатите на Конгресот на СДСМ и ќе биде заеднички претседателски кандидат на СДСМ и ДУИ и на уште 29 политички партии од владејачката коалиција на изборите на 21 април.

– Ни требаат и фер, мирни и демократски претседателски избори и избор на претседател кој ќе биде принципиелен партнер на владата во реализацијата на историската цел. Принципиелен партнер, но и коректив на начинот на водење политика. Мислам дека изборот меѓу кандидатите, посебно меѓу госпоѓата Силјановска и Стево Пендаровски нема да ви биде особено тежок. Со среќа Стево!, напиша Димитров на неговиот фејсбук-профил.