Поранешниот заменик-министер за локална самоуправа и член на Демократски сојуз, Зоран Димитровски, во вечерашното гостување во Само интервју на ТВ Канал 5 го коментираше дочекот на косовската претседателка Вјоса Османи во Тетово само на албански и без превод на официјалниот македонски јазик во Република Македонија.

Тој рече дека ваквиот однос е скандалозен и дека Македонците се исплашени, со оглед на фактот дека не е првпат Тетово да се нарекува „центар на Албанците во Македонија“.

– Наместо едно општество за сите, направивме цела држава за ДУИ , рече Димитровски.

Тој притоа го спомена владеењето на СДСМ и нивната програма, во чија власт до неодамна беше и тој како заменик-министер и поддржувач на политиките на Зоран Заев и неговиот наследник Димитар Ковачевски.

– Нарушени се сите постулати на Рамковниот договор, сега има 50:50 проценти албански министри во Владата, додаде Димитровски.

Тој наведе дека нема рамноправна и правична застапеност.