Илија ДИМОВСКИ
Денеска во Бугарија започна процедура за измени на Уставот на Република Бугарија…
За Македонци во Уставот на Бугарија никој не спомна ни збор, а ние очите си ги вадиме меѓу себе за Бугари во нашиот Устав…
Да бевме сериозна држава која има некаква дипломатија или сериозен Претседател темата за внесување на Бугарите во Уставот на Република Македонија ќе беше заедно со реципрочно барање за внесување на Македонците во Уставот на Република Бугарија…
Никој од власта во Македонија не побара реципроцитет, а имаме стотици аргументи кои се и правни, цивилизациски, врз база на меѓународните повелби, европски резолуции, добиени судски случаи итн…
Таквата позиција ќе беше разбирлива, полна со аргументи и доволно прифатлива за меѓународната заедница како патека за разрешување на недоразбирањата…
Лесно ќе можевме да дојдеме до состојба во која меѓународната заедница ќе ги видеше двојните стандарди на соседната држава и ќе го олабавеше притисокот за промена на Уставот на Македонија…
Или двете држави ќе пристапевме кон надминување на недоразбирањата или немаше да имаме состојба во која недоволно зрели политичари со напади, прогон и злоупотреби сакаат да ја покријат својата неспособност…
Но, ние имаме дипломатија, Влада и Претседател чија цел е да внесат кавга дома и по цена на губење на виталните и стратешки интереси на македонскиот народ и на Република Македонија…
Ние, како држава, играме фудбал цели 90 минути во нашите 16 метри, природно е да знаеме дека ќе примиме гол.
Нам ни треба излез од наша половина на стадионот…
Но, со ваква Влада и Претседател ние всушност играме со тим кој е или повреден, или престарен, или нема кондиција, или нема техника…
Уставните измени кои се предлагаат во Македонија се плод на слабата власт, а не на противничкиот фудбалски тим…