Заканата на Дескоска дека ќе бараат начин да прескокнат негативна одлука по нивната идеја да имаат рекетарско и уценувачко партиско обвинителство е потврда за безвластие, вели пратеникот Илија Димовски, во врска со денешната изјава на министерката за правда Рената Десковска дека ќе најдат начин да го протуркаат законот за СЈО и без двотретинско мнозинство.
– Заканата на Дескоска дека ќе бараат начин да прескокнат негативна одлука по нивната идеја да имаат рекетарско и уценувачко партиско обвинителство е потврда за безвластие. Каков страв презентира самата, не е ни свесна. Заврши времето на нивните нарачки, ќе нема веќе Катици, напиша Димовски на Твитер.
Министерката Дескоска денеска изјави дека доколку не се обезбеди двотретинско мнозинство за Предлог-законот за јавно обвинителство, тогаш во опција се други решенија, а едно од нив се измени во Законот за советот на јавни обвинители кој се носи со 61 глас.