Илија ДИМОВСКИ

Мајски манифест

Виена, 15 мај 1924 година

Во име на Тодор Александров потпишани Петар Чаулев и Александар Протогеров…

Документ заради кој по наредба на бугарската Влада е ликвидиран Александров…


“…Ни една од владите на балканските држави не мисли за ослободувањето и обединувањето на раскинатите делови на Македонија.

Ни една од нив не мисли и не дејствува за самоопределувањето на македонскиот народ во самостојна политичка единица.

Ни една од нив не сака на поробените Македонци да им ги даде правата предвидени во договорите кои им го осигуруваат
културниот развиток како национални малцинства.

Поради тоа, ВМРО е принудена да изјави дека политиката на сите сегашни балкански влади е непријателска за слободното и самостојно политичко постоење на Македонија и дека таа најрешително и со сите средстаа на револуционерната борба ќе се бори против нивната завојувачка политика спрема Македонија и македонскиот народ…”

Вечна слава!
П.С. Динамитот за Гемиџиите од Софија до Кочани го пренесува тогаш младиот Тодор Александров. Таму го предава на велешанецот Тодор Органџиев…